Top Sport

Тен Хаг се жали на судијата – Рашфорд не требаше да биде исклучен, првите два гола на Копенхаген се нерегуларни

Литванскиот судија Донатас Румсас му е виновен на Ерик Тен Хаг за поразот на неговиот Манчестер јунајтед во Копенхаген. Синоќа во Данска, во спектакуларен меч, Јунајтед испушти преднотс од 0:2 и 2:3 прими два гола во финишот и загуби со 4:3 .

Пресвртот започна во 40.минута кога Маркус Рашфорд поради невнимателен старт доби директен црвен карот. Мохамед Ељунуси и Диого Гонкалвес во судиското надополнување на времето во орвиот дел ја стопија предноста на Јунајтед.

Тен Хаг го обвинува судијата за новиот во низата дебакли на Јунајтед оваа сезона.

„Копенхаген го постигна првиот гол од офсајд, бидејќи домашниот играч во недозволена позиција го блокираше погледот на нашиот голман и тој го призна голот. Вториот гол го примивме по непостоечка игра со рака. Црвениот картон беше доделен престрого откако судијата толку долго размислуваше за тоа. Овој натпревар не смееше така да биде решен. Тоа нема никаква врска со фудбалот“.

Scroll to Top