Top Sport

Анчелоти му одговори на Пике: Живее во свој свет

Кратка, но интересна прес-конференција одржа Карло Анчелоти по победата на Реал над Брага од 3:0. Со овој триумф Реал обезбеди место во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.

Анчелоти на прес-конференцијата одби да ги коментира гласините околу фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе. Неколку шпански медиуми изминатите денови пишуваа дека Реал се откажал од Мбапе.

„Не сакам да го коментирам тоа“ – кратко одговори Италијанецот, но не пропушти да му одговори на поранешниот играч на Барселона, Џерар Пике за неговиот неодамнешен коментар.

„Кога Барселона ја освојува Лигата на шампионите, сите се сеќаваат на тој тим. Кога победува Реал, тоа е само една по ред и никој нема да го памети. Последен пат кога освоија ЛШ направија чудо, во секое коло противниците беа подобри од нив. Никој нема да го памети тој подвиг на Реал“, рече Пике.

„Пике живее во свој свет, а тој свет нема никаква врска со Реал. Нема навивач на Реал Мадрид кој ќе ја заборави нашата 14-та титула. Таа титула ќе се памети засекогаш“, прокоментира Анчелоти.

Scroll to Top