Top Sport

Милевски го објави последниот список за актуелниот квалификациски циклус

Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари за ЕП 2024 против Италија (17. ноември) во Рим и против Англија во Скопје (20. ноември).

Во националниот тим, по долгата паауза поради повреда се враќа Тихомир Костадинов.

„Ме радува фактот што сите се здрави и подготвени и се надевам дека така и ќе остане“, рече селекторот и дополни..

„Во овие квалификации нема лесни или тешки противници, сите располагаат со одреден квалитет. Имаме позитивна атмосфера во тимот, се надевам дека така ќе биде и по двата последни квалификациски мечеви. Правиме млад тим кој покажа дека може да е конкурентен, може да се носи со сите. Момците кои играа на претходните натпревари, го покажаа својот квалитет и потврдија зошто се повикани во репрезентацијата.

Не очекува сосема поразличен натпревар од претходните што ги одигравме со Италија. Се надевам дека ќе успееме максимално да се подготвиме за мечот. Имаме проблеми околу слабата минутажа што ја добиваат некои фудбалери во своите клубови, но верувам во моите играчи и се надевам дека ќе успееме да го извлечеме максимумот.

Минутажата во клубовите е секогаш проблем за физичката и натпреварувачката форма. Дел од носителите на играта се со минимална или никаква минутажа, а за среќа играчите од средината и нападот се стандардни. Немаме некој огромен ростер на играчи за да можеме да ротираме, па мора на секој меч да се дава максимумот“.

На списокот на селекторот Благоја Милевски за последните два меча од квалификацискиот циклус се наоѓаат следните 25 фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Рајо Ваљекано, Шпанија

Дамјан ШИШКОВСКИ – Докса, Кипар

Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА:

Висар МУСЛИУ – Падерборн, Германија

Тодор ТОДОРОВСКИ – ЗТЕ, Унгарија

Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар, Унгарија

Јован МАНЕВ – Осјек, Хрватска

Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли, Саудиска Арабија

Бојан ДИМОСКИ – Акрон, Русија

Ахмет ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре, Данска

Стефан АШКОВСКИ – Раднички Ниш, Србија

СРЕДЕН РЕД:

Енис БАРДИ – Трабзонспор, Турција

Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице, Полска

Аријан АДЕМИ – Динамо Загреб, Хрватска

Јани АТАНАСОВ – Краковија, Полска

Агон ЕЛЕЗИ – Вараждин, Хрватска

Давид БАБУНСКИ – Мезоковешд, Унгарија

Исник АЛИМИ – Сепси, Романија

НАПАД:

Бојан МИОВСКИ – Абердин, Шкотска

Милан РИСТОВСКИ – Спартак Трнава, Словачка

Дарко ЧУРЛИНОВ – Барнли, Англија

Елиф ЕЛМАС – Наполи, Италија

Ердон ДАЦИ – Вестерло, Белгија

Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук, Хрватска

Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин, Хрватска

Scroll to Top