Top Sport

(Видео) Астон Вила го победи АЗ, Фенербахче поразен од Лудогорец

Foto/ EPA

Во терминот од 21 часот се одиграа седум натпревари од четвртото коло од групната фаза во Конференциската лига.

Група А

Слован Братислава 1:1 Лил

Олимпија Љубљана 2:0 Класвик

Херој на Слован вечерва е српскиот напаѓач Александар Чавриќ. Тој го постигна голот за 1:1 во 80. минута им донесе бод на домашните. Пред тоа Лил поведе по седум минути игра во вториот дел, стрелец беше Анхел Гомез.

Во Љубљана, Олимпија се мачеше против Класвик од Фарски Острови, но црвениот картон на играчот од средниот ред на гостите Фредериксберг во 63. минута им ја олесни работата на Словенците, кои на крајот стигнаа до три бода со головите на Давид Де Дена Фернадеш. и Мустафа Нуркиќ.

Група Х
Лудогорец 2:0 Фенербахче

Лудогорец во Разград славеше против фаворизираниот Фенербахче. Бугарскиот шампион победи со головите на Јакуб Пјатковски во првиот дел и Руан Сек во финишот на вториот дел од натпреварот.

Група Б

Брејдаблик 2:3 Гент

Зорја 1:3 Макаби Тел Авив

На Исланд, Бреидаблик ја пропушти можноста да дојде до првите европски бодови против Гент. Домашните водеа на полувремето 2:1, но гостите во продолжението успеаја да направат пресврт. Хет-трик за Гент постигна Нигериецот Гифт Орбан.

Макаби лесно ја совлада Зорја, Перец постигна два, а Лукасен еден гол за гостите, додека „утешниот“ гол за Зорја беше дело на Алфиренка.

Група Е

Астон Вила 2:1 АЗ Алкмар

Во едно од дербијата на денот, Вила губеше од АЗ по 60 минути, но успеа да направи пресврт и да победи. Гостите поведоа со голот на Павлидис во 52. минута, а израмни Диего Карлос. Воткинс со гол на десет минути пред крајот им донесе славје на домашните.

Група Д

Клуб Бриж 2:0 Лугано

Белгискиот клуб Бриж вечерва беше сигурен во дуелот со швајцарскиот Лугано, а головите вредни три бода за домаќинот ги постигнаа Тиаго и Ванакен.

Scroll to Top