Top Sport

(Видео) Маркез најбрз, се запали мотоциклот на Алеиш Еспаргаро

Помладиот од браќата Маркез, Алекс возач на Гресини Рејсинг, постигна најбрзо време во петокот, на првиот ден од тренингот за Големата награда на Малезија.

27-годишниот возач постави време од 1:57.823 на Сепанг што го става во добра позиција пред настапите викендов.

Кандидатот за светска титула Хорхе Мартин од Прамак Дукати беше втор со време од 1:57.997, а трет заврши возачот на КТМ, Џек Милер со 1.58:232.

Актуелниот светски шампион и актуелен лидер Франческо Бањаја го имаше осмото време.

Меѓу десетте најбрзи се најдоа Бред Биндер, Маверик Вињалес, Лука Марини, Фабио Квартаро, Марко Бецеки и Жоан Зарко.

Тренингот го одбележа и инцидентот во кој се запали Априлијата на Алеш Еспаргаро, но тој навреме се засолни, а пожарникарите брзо реагираа и го изгаснаа пожарот.

Вториот тренинг е в сабота од 3.10 часот, од 3.50 стартуваат првите квалификации, а од 4.15 се главните квалификации.

Во 8:00 часот е спринт трката, додека ГН на Малезија во недела исто така започнува во 08:00 часот.

Во генералниот пласман води Бањаја со 389 бодови, 13 повеќе од второпласираниот Мартин.

Scroll to Top