Фудбалскиот клуб Ливерпул одлучи да не го продолжи договорот со Тиаго Алкантара.
Шпанецот е во последната година од договорот, постојано е повреден, а минатата сезона не беше во вистинската форма.
Алкантара пристигна во Ливерпул во летото 2020 година од Баерн Минхен за 22 милиони евра, а досега одигра 97 натпревари на кои постигна три гола и забележа шест асистенции.
Засега не е познато каде Тиаго би можел да ја продолжи кариерата, во еден период се шпекулираше дека би можел да се врати во Барселона, но веројатно тоа сега нема да биде опција.
Од друга страна, италијанските медиуми пишуваат дека нова желба на Јирген Клоп е Пјотр Зиелински.
Полјакот пред неколку години беше поврзуван и со Ливерпул, но сепак во летото 2016 година од Удинезе се пресели во Наполи.
Во Неапол стана легенда, одигра дури 344 натпревари, со учинок од 50 гола и 46 асистенции.
Сепак, тој е во последната година од договорот, на лето е слободен и има бројни примамливи понуди, меѓу кои и онаа од Ливерпул.