Top Sport

Роџерс: Веднаш би го укинал ВАР и би го вратил „чистиот фудбал“

Менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс е разочаран од насоката во која оди модерниот фудбал.

Поранешниот менаџер на Лестер и Ливерпул следува по натпреварот од Лигата на шампионите во кој неговиот Селтик беше поразен од Атлетико Мадрид со резултат 6:0.

Роџерс почувствува дека добро позиционираниот судија ја донел вистинската одлука кога му покажа жолт картон на неговиот играч Дајзен Маеда, но потоа следеше повик од ВАР собата и Јапонецот доби црвен картон.

Веќе од 23. минута Селтик остана со играч помалку и доживеа вистинска катастрофа до крајот на натпреварот.

„Сочувствував за навивачите на Селтик по натпреварот. Платиле стотици фунти за да отпатуваат во Мадрид, веројатно поминале убав ден во шпанската престолнина, а потоа вечерта отишле на натпревар и по само 20 минути вашиот тим останува со играч помалку и сета забава е расипана …“, изјави Брендан Роџерс.

Тој забележа нешто вознемирувачко:

„Фудбалот сè повеќе почнува да личи на компјутерски игри. Сè се оценува на екранот. Тоа не е фудбал. Тоа не е играта што ја знаеме и ја сакаме“.

Заклучок:

„Ако ме прашате сега, би го укинал ВАР и би се вратил на „чистиот фудбал“. Знаеме дека ќе има грешки, но повеќе би сакал да го прифатам тоа отколку она што го гледаме во моментов“.

Scroll to Top