Top Sport

(Видео) Два гола на Соланке, Борнмут го победи Њукасл

Фудбалерите на Борнмут го совладаа Њукасл со 2:0 во натпревар од 12. коло на Премиер лигата. Со втората победа во сезоната Борнмут излезе од опсната зона.

Двата гола за „црешите“ беа дело на Доминик Соланке, кој со тоа стигна до вкупно шест гола сезонава.

Менаџерот на Њукасл, Еди Хау имаше огромни проблеми пред мечот, поради многубројните повреди едвај го состави тимот.

Меѓу другите не можеше да смета на Александер Исак, Свен Ботман, Елиот Андерсон, Харви Барнс, Бруно Гимараеш, Мет Таргет, Џејкоб Марфи, Калум Вилсон и секако суспендираниот Сандро Тонали.

Проблемите за Хау продолжија и на овој меч, па тој во раната фаза остана без Мигел Алмирон, а потоа во вториот дел и без Мети Лонгстаф.

Борнмут максимално ги искористи кадровските проблеми на Њукасл и во текот на целиот натпревар беше подобар противник.

Победата ја обезбеди во второто полувреме со головите на Соланке во 60. и 73.минута,

Во следното коло Борнмут гостува кај Шефилд јунајтед, а Њукасл ќе му гостува на Челзи.

Scroll to Top