Top Sport

(Видео) Манчестер сити издвои богатство за 15-годишно момче

Финли Горман е името на 15-годишното момче кое од Лидс јунајтед ќе се пресели во Манчестер сити.

„Атлетик“, пренесува дека клубовите се договориле и дека англискиот и европскиот шампион ќе платат седумцифрена сума, што е британски рекорд за толку млад играч.

Горман игра на позицијата офанзивен играч за врска, а веќе како 14-годишник настапуваше за англиската репрезентација до 16 години.

На возраст од 14 години и 326 дена, тој постигна два гола на натпревар од Премиер лигата до 18 години.

Видеото од потезите на талентираното момче ги преплави социјалните мрежи.

Првиот професионален договор како 17-годишник може да го потпише дури во септември 2025 година.

Scroll to Top