Италијанскиот репрезентативец Мануел Локатели поради повреда ќе ги пропушти последните два натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство. Италија во петок ќе ја пречека Македонија, а во понеделник ќе гостува кај Украина.
Ова се клучни натпревари за актуелните европски шампиони во квалификациите.
„Локатели се врати во својот клуб“, рече Спалети на прес-конференцијата, без да ја прецизира природата на повредата поради која играчот од средниот ред на Јувентус се повлече.
Спалети го повика играчот на Лацио Мануел Лазари наместо Локатели.
Локатели за Италија одигра 26 натпревари и постигна три гола.