Квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 меѓу Бугарија и Унгарија сепак ќе се игра во Софија.
Натпреварот е закажан за четврток од 18 часот, а ќе се игра без публика на стадионот „Васил Левски“.
Имаше најава дека Бугарите може дури и да бидат дисквалификувани поради неможност да го организираат мечот во Пловдив, но тоа нема да се случи.
Се започна по одлуката на ФС Бугарија натпреварот да се пресели на стадионот во Пловдив, но такво нешто не беше возможно со оглед на тоа што стадионот е во фаза на реконструкција и не е безбеден за игра.
Третиот предлог, натпреварот да се игра на „Арда арената“ во Карџали, Унгарците го одбија бидејќи во близина нема аеродром, ниту хотелски капацитети потребни за натпревари од ваков тип.
На Унгарците им е доволен бод за пласман на ЕП, а по Бугарија три дена подоцна имаат меч и со Црна Гора.
Во четврток, во оваа група се среќаваат Црна Гора и Литванија, а овој натпревар директно ја решава судбината на Србија. Ако Црногорците не победат, Србите ќе изборат пласман на Европското првенство.