Top Sport

(Видео) Белгија во пријателски меч ја победи Србија

Белгија во пријателски натпревар одигран во Левен пред празни трибини, ја победи Србија со 1:0.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јаник Караско во втората минута, по грешката на Страхиња Павловиќ.

Само една минута подоцна Павловиќ уште еднаш лошо ја додаде топката, само што овој пат Опенда не успеа да го матира Рајковиќ, кој беше добро поставен.

Рајковиќ набргу потоа продолжи со добрите одбрани, кога повторно го спречи Опенда да го совлада по додавањето на Тилеманс.

Србија ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме во 31. минута преку Филип Ѓуричиќ, кој ја погоди стативата.

Во воведните 20 минути од второто полувреме само Белгија се закани преку Деман, чиј удар го запре Рајковиќ.

Србија се закани дури во 70. минута преку Радоњиќ, са последната шанса ја имаше во финишот на натпреварот кога Ѓуричиќ ја погоди гредата.

За Србија ова беше генерална проба за натпреварот со Бугарија, на кој и треба бод за да го завери паласманот на ЕУРО 2024.

Scroll to Top