Унион Берлин го отпушти тренерот Урс Фишер поради лошите резултати и го назначи Марк Гротер за привремен тренер.
Гротер е тренер на тимот на Унион Берлин до 19 години. Фишер доби отказ поради лошите резултати. Унион Берлин на последните 14 натпревари само еднаш одигра нерешено, со Наполи во ЛШ и доживеа 13 порази. Тимот е последен на табелата во Бундес лигата.
Помошник Марк Гротер ќе му биде Мари-Луиз Ета, која е негов асистент и во младиот тим на Унион Берлин.
Ета е поранешна фудбалерка која ја заврши кариерата во 2019 година, по што се посвети на тренерската работа во млади категории.
Мари-Луиз ќе стане првата жена помошник тренер во историјата на машката Бундес лига, но и речиси во целиот европски фудбал.
Родена е во 1992 година во Дрезден, а во текот на својата кариера настапуваше за Потсдам, Хамбург, Клопенбург и Вердер Бремен.