Top Sport

Балаг: Кристијано не очекуваше дека Реал толку лесно ќе се откаже од него

Познатиот шпански новинар, Гиљем Балаг, кој девет години ја следел кариерата на Кристијано Роналдо, тврди дека Португалецот не сакал само така да земине од „кралскиот клуб“.

Овој новинар има објавено и биографија на Кристијано Роналдо, нуди и доказ колку добро е упатен во се она што се случува околу Португалецот.

„Не сакаше само повеќе пари, тој сакаше да биде се во Реал. Чувствуваше дека не е доволно сакан таму. Убеден сум дека бил на разговор со Флорентино Перез и дека очекувал зголемување на платата. Не очекувал дека така лесно ќе се откажат од него“, рекол Балаг.

„Сега мора да ги намали очекувањата, бидејќи Јувентус никогаш нема да биде како Реал Мадрид“, изјавил новинарот.

Тој тврди дека знае што најмногу го мотивира Роналдо.

„Разговарав со негови блиски луѓе во Мадеира, го истражував неговото детство. Растел без татко, кој бил алкохоличар, тој и понатаму ја бара вистинската љубов што никогаш не ја имал. Тој и Лео меси се многу слични, патиштата им се слични, но Аргентинецот е попаметен. Кристијано е искрен, тој бара љубов и внимание, но не знае како да постигне да биде сакан. Тој сака тимот да игра за него, додека Меси игра за тимот“, рекол новинарот.

„Кристијано никогаш не ми простил што не сум еден од неговите. Не сум јас портпарол, само трагав по вистината за шампионот што многу го ценан“, завршил Балаг.

Scroll to Top