Top Sport

Светскиот првак со Германија му се приклучи на супер-тимот

Светскиот првак со Германија, Даниел Тајс го напушти тимот на Индијана Пејсерс. Кариерата ќе ја продолжи во супер-тимот како што ги нарекуваат ЛА Клиперс.

Тајс од Пејсер доби 7,8 милиони долари, со што Индијана ослободи простор во својот буџет. Тоа му овозможи веднаш да потпише договор со франшизата од Лос Анџелес.

Во Клиперс ќе игра до крајот на сезоната за ветерански минимум од 2,1 милиони долари.

Во Индијана просечно постигнуваше по осум поени по натпревар, но не беше во преден план кај Рик Карлајл.

На Клиперс им требаше резервна опција на центарската позиција, бидејќи по трејдот кој го донесе Џејмс Харден во ЛА, на центарската позиција останаа само со Хрватот Ивица Зубац.

Scroll to Top