Петкратната олимписка шампионка Елејн Томпсон-Хера ја раскина соработката со својот тренер.
Менаџерскиот тим на атлетичарката од Јамајка соопшти дека Томпсон-Хера го прекинала партнерството со Шеники Озборн поради „екстремно прекумерните“ услови што ги барал тренерот.
На Олимписките игри 2016 година во Рио, Томпсон-Хера го освои златото на трките на 100 и 200 метри, а во 2020 година во Токио го освои олимпиското злато на 100, 200 и во штафетата 4х100 метри.
„Немавме друг избор освен да побараме услуги од друг тренер. Со наближувањето на Олимпијадата во Париз во 2024 година, Томпсон-Хера е целосно фокусирана на подготовките и одбраната на нејзините олимписки титули“, се вели во соопштението на нејзиниот менаџерски тим.
Томпсон-Хера го пропушти овогодинешното Светско првенство во Будимпешта поради повреда.
Нејзиниот личен рекорд на 100 метри е 10,54 секунди и е второ најдобро време на сите времиња.
Рекордот на 100 метри беше поставен во 1988 година од Флоренс Грифт-Џојнер со време од 10,49 секунди.