Новак Ѓоковиќ го победи Хуберт Хуркач со 2:1 (7:6, 4:6, 6:1), но се уште не е сигурен дали ќе игра во полуфиналето на Завршниот мастерс во Торино. Судбината на првиот светски рекет сега е во рацете на Јаник Синер.
Еден лош гем, петтиот во вториот сет и три добри сервиси на Хуркач во седмиот гем (јога спаси две врзани брејк топки), до максимум му ја искомликуваа работата на Ѓоковиќ.
Првиот сет го доби во тај-брејк, откако ниту еден од тенисерите не се соочи со брејк топка.
Еден брејк, на Хуркач, го реши вториот сет.
А откако изедначи на 1:1 во сетови, Полјакот се предаде. Ѓоковиќ едноставно го декласира во третиот сет.
Србинот сега ќе се надева на мотивот што ќе го има Синер пред домашната публика, ќе навива за него, во спротивно доколку победи Холгер Руне, Ѓоковиќ ќе го заврши својот настап во Торино, а во полуфиналето на Данил Медведев ќе му се приклучат Синер и Руне.
Јаник Синер и Холгер Руне својот меч ќе го започнат во 21 часот.