Top Sport

Навивачите на Специја оставија свонска глава пред клупските простории

Минатата сезона играа во Серија А, не успеаја да останат во елитата, а оваа сезона се при дното во Серија Б. Специја минува низ голема криза и покрај тоа што на стартот од првенството најавуваа експресно враќање во Серија А.

По 13 одиграни натпревари Специја е поблиску до Серија Ц отколку до опстанок во Серија Б. Тимот се наоѓа на 18. место на табелата во Серија Б со само една победа.

Ова ги принуди најжестоките навивачи на клубот на радикална форма на протест. Пред влезот во просториите на управата оставија свинска глава и транспарент со натпис:

„Вашето време истече!“

Прва жртва на лошите резултати беше тренерот Масимилијано Алвини, кој доби отказ и го наследи Лука Д’Анџело, но навивачите сметаат дека челниците се виновни за ситуацијата во која се наоѓа клубот.

По ремито на домашен терен против Тернана во последното коло, некои навивачи дури се обидоа да нападнат и членови на управата кои беа во ложата.

Scroll to Top