Top Sport

Египет го декласира Џибути, Салах постигна четири гола

Египет со победа ги запона квалификациите за пласман на Светското првенство. Во А групата, во првото коло, Египет забележа висока победа (6:0) над Џибути.

Натпреварот го обележа најдобриот египерски фудбалер, Мохамед Салах кој постигна четири гола и стана најдобар стрелец на Египет во историјата, кога станува збор за квалификациски натпревари. Салах дојде до бројката од 15 гола и на вечната листа го мина Мохамед Абутрика, кој постигна 14.

Египе по 22 минути имаше предност од два гола. Стрелец на двата гола беше напаѓачот на Ливерпул. Хет-трикот го комплетираше во 48. минута, а во 69. зголеми на 4:0 по уште една добра акција на Египет.

Четири минути подоцна Мостафа Мохамед го постигна петтиот гол за Египќаните, а Трезеге на минута пред крајот на натпреварот ги постави конечните 6:0.

Победниците на групите од африканските квалификации ќе се пласираат на СП 2026 година, а најдобрите четири второпласирани селекции ќе разигруваат за еден претставник во интерконтиненталните квалификации.

Scroll to Top