Top Sport

Елмас: Италија нема да не потцени

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на култниот „Олимпико“ во Рим ќе и гостува на Италија, во претоспедното коло во Ц групата.

Македонија, со поразот од Украина остана без шанси за второто место, додека на Италија од овој и наредниот меч и зависи дали ќе ја брани титулата наредното лето во Германија.

„Играме против една многу квалитетна репрезентација, очекувам да излеземе на терен и да покажеме што знаеме против една голема Италија. Нема да се исплашиме од атмосферата која во Рим секогаш е одлична атмосфера. Дојдовме да одиграме најдобро што знаеме и да се обидеме да освоиме три бода. Сигурен сум дека Италија нема да не потцени“, рече на прес-конференцијата пред натпреварот единствениот Македонец кој игра во Серија А, Елиф Елмас.

Scroll to Top