Фудбалската репрезентација на Словачка избори пласман на ЕП во Германија. Претходно од Ј групата пласман на континеталниот собир избори Португалија.
Словаците вечерва во Братислава го победија Исланд со 4:2.
Гостите поведоа преку Оскарсон во 17. минута, но Словаците експресно направија пресврт, со головите на Кука во 30., Дуда од пенал во 36. минута. Победата на Словачка и ја обезбеди Хараслин со два гола во 47. и 55. минута. Конечниот резултат го постави Гудјонсен во 74. минута.
Словачка трет пат по ред ќе игра на ЕП.
Луксембург по втор пат во овој циклус ја победи Босна и Херцеговина, овојпат на домашен терен со резултат 4:1. Босанците без Џеко и Пјаниќ доживеаја тежок пораз.
Стрелци за домашниот тим беа Олесен во шестата, Родригез во 30. Мујакиќ, кој си постигна автогол во 55. минута и повторно Родригез во 95. минута. Ренато Гојковиќ во 94. минута ја затресе мрежата на Луксембург.
Селекторот Саво Милошевиќ ќе има многу работа во обидот да го подготви својот тим за мартовскиот бараж од Лигата на нации, бидејќи апсолутно ништо не функционира во играта на Босна.
Португалија само во вториот дел работеше во Лихтенштајн и го совлада домаќинот со 2:0. Роналдо погоди во 46. минута, а Кансело во 57. го удвои водството.
Европскиот шампион од 2016 година во групата ги забележа сите девет победи.
Во Г групата, Црна Гора ја победи Литванија и ги задржа теоретските шанси за пласман на ЕП. Куч и Јоветиќ беа стрелци на головите во победата 2:0.
Црна Гора во последното коло мора да ја победи Унгарија и во исто време да чека пораз на Србија од Бугарија.