Top Sport

Саво Милошевиќ: Далеку сме ние од ова ниво

Foto/ EPA

Репрезентацијата на БиХ доживеа тежок пораз во претпоследното коло во Ј групата за пласман на ЕУРО 2024. Луксембург славеше над БиХ со 4:1. За овој тежок пораз на Босанците не може да им биде оправдување што играа без Един Џеко и Миралем Пјаниќ.

БиХ и пред мечот во Луксембург немаше шанси за пласман на ЕП, но спортската јавност во земјата не очекуваше ваков дебакл.

„Немаме тркачки капацитет за ова ниво. Тоа е една реченица и тоа е најголемиот проблем. Без трчање тешко е да се зборува за други работи и оттаму доаѓаат другите проблеми. Ова е реалноста. Нема да барам оправдување. Не гледам дека има работи кои се важни за модерниот фудбал“, изјави селекторот Саво Милошевиќ.

И покрај дебаклот во Лихтенштајн, БиХ се уште има можност да се пласира на ЕП преку баражот во Лигата на нации.

Scroll to Top