Top Sport

Пимента: Четири засегнати страни ги знаат деталите од договорот на Халанд

Откако минатата година Ерлинг Халанд потпиша за Манчестер sити, одвреме-навреме се случува некои светски медиуми да објавуваат детали од тој договор, особено оние делови кои наводно содржат детали за наредниот трансфер.

„Марка“, „Лекип“, „Билд“, „Дјли мејл“ и многу други ги објавија своите верзии на тој договор, но никој навистина не знае што точно пишува во него.

Ако ѝ веруваме на Рафаела Пимиента, менаџерката на Халанд која го наследи бизнисот од покојниот Мино Рајола, има само четири страни кои ги знаат деталите од договорот.

Таа во интервју за шпански „Релево“, откри за кого точно се работи. Одговорот, мора да се каже, е сосема очекуван.

„Клаузули во договорот на Ерлинг? Само Манчестер сити, Ерлинг, неговиот татко и јас ги знаеме деталите. Другите клубови не знаат ништо за тоа. Никој освен нас не знае што пишува во договорот”, изјави Пимиента, кој очигледно има намера да ги демантира сите шпекулации.

Scroll to Top