Повеќекратниот грен слем шампион Енди Мареј поради повреда нема да настапи на претстојниот Дејвис куп за селекцијата на Велика Биратнија!
Според „Тајмс“, поранешниот олимписки шампион и 42. тенисер на АТП листата го повредил десното рамо на тренингот во вторникот и ќе мора да се повлече од натпреварувањето што следната недела ќе се одржи во Малага.
Иако се работи за помал проблем, третиот најдобар британски тенисер (според АТП листата) донесе одлука дека нема да биде доволно подготвен и се фокусираше на опоравување пред следната сезона.
– Добив полесна повреда на рамото, што значи дека нема да можам да учествувам во Дејвис купот. Разочаран сум што нема да бидам дел од тимот, но мојот фокус сега е на опоравување и подготовка за следната сезона – изјави Мареј за Тајмс.
Ова е веќе втор удар за Велика Британија, откако претходно нивниот втор најдобар тенисер Данијел Еванс (38) се повлече поради повреда на потколеницата. На располагање им остана првиот рекет Камерон Нори (18), како и Џек Дрејпер (61).
Ова секако е добра вест за Србија која во четвртфиналето на Дејвис купот ќе се сретне со Британците.
Ќе имаат голема предност во двојки со оглед на тоа што во таа конкуренција ги имаат третите и 12. најдобри светски тенисери – Нило Скупски и Џо Солсбери.