Top Sport

(Видео) Хрватите најзадоволни од ремито во Ереван

Ерменија и Велс одиграа нерешено (1:1), во претпоследното коло, во квалифкациската Д група за пласман на ЕУРо 2024.

Овој резултат најмногу и одговара на хрватската репрезентација која сега со две победи во последните две кола може да обезбеди директен пласман на Европското првенство во Германија.

Двата гола на натпреварот го постигнаа репрезентативците на Ерменија.

Најпрвин Ерменците поведоа по само пет минути фудбал со голот на Заларајан, додека Тикнисијан израмни за Велс во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.

Турција веќе обезбеди место на ЕП од Д групата, Велс е на второто место со 11 бодови, Хрватска со натпреар помалку има 10, додека Ерменија е четврта со осум бода.

Во следното коло Велс ќе гостува во Турција, а Ерменија исто така ќе гостува кај Хрватска.

Scroll to Top