Дефанзивецот на Њукасл и репрезентативец на Англија, Киран Трипие нема да му биде на располагање на селекторот Герет Саутгејт за квалификацискиот натпревар за ЕП против Македонија поради лични обврски.
Трипие го одигра целиот натпревар против Малта, во кој Англија победи со 2:0.
Од семејни причини капитенот на Њукасл ќе го пропушти последниот натпревар во групата за пласман на ЕУРО 2024. Англичаните пред две рунди обезбедија место на завршниот турнир.
Македонија утре од 20:45 часот ќе ја пречека Англија.