Седум гола во убедливата победа на Ференцварош на гостувањето во Лубин, против Заглебје, беа доволни на Андреа Лекиќ да влезе во престижниот „Клуб 1.000“.
Поранешната ракометарка на Вардар заедно со Грета Мартон беше најефикасна во победничкиот тим за кој уште една екс-вардарка, Драгана Цвијиќ постигна четири гола.
Покрај 1.000 меч во кариерата, Лекиќ успеа да дојде и до 1.0001 во Лигата на шампионите бранејќи ги боите на Крим, Ѓер, Вардар, ЧСМ, повторно Крим.