Top Sport

Стоичков удри по „Златното момче“: Каков успех му донесоа неговите голови на Реал?

Поранешниот фудбалер на Барселона, Христо Стоичков го критикуваше изборот на Џуд Белингем за наградата „Златно момче“.

Белингем доби дури 97 отсто од гласовите за најдобар млад играч, исто колку и Килијан Мбапе во 2017 година.

Англичанецот претходната сезона ја мина во Бундеслигата каде настапуваше за Борусија Дортмунд и беше еден од клучните играчи на германскиот тим. Сепак, во летниот преоден рок за 100.000.000 евра (тука не се вклучени бонусите) се пресели во Реал Мадрид, каде продолжи да игра во голема форма.

Стоичков во изјава за „Тутоспорт“ истакна дека не се согласува со изборот.

„Не ја негирам вредноста на Белингем, тој е еден од најголемите таленти во светот. За мене тој е микс од Лаудруп, Кака и Погба во нивните најдобри денови. Иднината е пред него. Тој сигурно ќе се бори со Мбапе и Халанд за следната Златна топка, но би сакал да знам што освои во 2023 година во Борусија Дортмунд и Реал Мадрид… Ништо!“, изјави Стоичков.

Поранешниот напаѓач на Барселона потоа продолжи да зборува за Белингем.

„Каков успех му донесоа на Реал Мадрид сите негови голови? Знаете добро што би рекол мојот пријател Мурињо за „титули”. Дали сакате да разговараме за минатата сезона, кога Борусија имаше два бода повеќе од Баерн. Тухел го внесе на теренот Мусијала, при резултат 2:2 во Келн и погоди за 3:2. Од друга страна, Борусија не можеше да оди подалеку од реми на домашен терен и ја загуби титулата поради гол разликата“.

Стоичков објасни кој според него требало да ја добие наградата.

„Бидејќи Гави не беше во конкуренција, би го наградил Мусиала од Баерн или Балде од Барселона“.

Џуд Белингем покрај наградата на „Тутоспорт“, за најдобра млад играч, ја доби и наградата на ФИФА во истата категорија.

Scroll to Top