Top Sport

Сан Марино испиша историја на репрезентативниот фудбал – Постигнаа гол на последните три натпревар

Репрезентацијата на Сан Марино очекувано со десет порази во десет натпревари ги заврши квалификациите за ЕП, но и покрај тоа постигна историски успех. На последните три квалификациски натпревари во групата, Сан Марино постигна по еден гол, што досега никогаш не се случило.

Рперезентативците на Сан Марино во последните три кола доживеаја порази од Данска (2:1), Казахстан (3:1) и Финска (2:1).

За ваков историски успех на Сан Марино, гол на три натпревари во низа е заслужен Берарди кој против Финска реализираше пенал во 97.минута.

Сан Марино, инаку 207. и последна репрезентација на ФИФА листата, квалификациите за ЕП ги заврши со гол разлика 3:31.

Во својата историја, Сан Марино има одиграно 194 натпревари и има само една победа, во пријателскиот натпревар против Лихтенштајн во 2004 година. Осум пати има одиграно нерешено, а најголем успех на Сан Марино е нерешениот резултат против Турција во 1993 година.

Scroll to Top