Top Sport

Митев блескаше, Алкалоид поразен во Данска

Foto/ facebook.com/rkalkaloid

Ракометарите на Алкалоид го забележаа третиот пораз во Лига Европа. Во четвртото коло, во Данска, Силкеборг го победи Алкалоид 35:31 (17:16).

Младиот тим на Кирил Лазаров одигра многу подобро него во првиот натпревар во Скопје, против Силкеборг, но не успеа да го избегне поразот.

И во Данска клучен човек за победата беше голманот Леквист. 21. годишникот имаше 17 интервенции, двојно повеќе од тандемот голмани на Алкалоид Трајковски и Галевски (двајцата имаа по четири одбрани).

Клуч за поразот беше стартот на второто полувреме. Откако Силкеборг првиот дел го доби со гол разлика, во второто полувреме пресуди серијата 5:0 во првите седум минути.

До крајот Алкалоид се обидуваше но не успеа да ја стигне предноста на домашниот тим.

Блескаше во редовите на Алкалоид Митев кој со девет гола беше нејефикасен играч на натпреварот. По четири гола постигнаа Серафимов и Ѓонов.

Во редовите на Силкеборг по шест гола постигнаа Нилсен, Халбак и Болдсен.

Во вториот натпревар од оваа Ф група, Војводина во Шпанија ја победи Ла Риоха со 32:29.

На табелата во Ф групата Силкеборг и Војводина имаат по шест бода, Ла Риоха има три, а Алкалоид еден бод.

За една недела Алкалоид ќе и гостува на Војводина во Нови Сад.

Scroll to Top