Top Sport

(Видео) Будимир ја однесе Хрватска на ЕП, Велс во март ќе оди на поправен

Вечерва заврши квалифиакцискиот циклус за пласман на Европското првенство. Хрватска последна избори место на ЕУРО 2024 преку квалификациите. Послените три места ќе бидат пополнети во март, кога ќе се одигра баражот во Лигата на нации.

Хрватите минимално славеа против Еремнија (1:0), а Велс не успеа да ја победи Турција (1:1). Турција е прва во групата и на ждрепката ќе биде во вториот шешир, Хрватите се втори на табелата и тие ќе бида во третиот шешир на ждрепката на 2. декември во Хамбург.

Хрватите имаа многу шанси но само една реализација, која на крајот ги однесе во Германија. Откако во првото полувреме Ерменците промашија „мртва шанса“, единствениот гол го постигна напаѓачот на Осасуна, Анте Будимир во 43.минута. Во вториот дел блескаше голманот на Ерменија, Србинот Чанчаревиќ кој мечот го завшри со девет одбрани.

Велс, во Кардиф, добро го започна мечот со Турција. Вилијамс во седмата минута постигна гол за водство. Турците изедначија од пенал во 70.минута, преку Јазичи. Овој гол на Турција и го донесе првото место во групата.

Scroll to Top