Top Sport

Се што треба да знаете за ЕУРО 2024

Хрватската фудбалска репрезентација е последна, 21-ва по ред, која преку квалификациите обезбеди пласман на ЕУРО 2024 година.

„Коцкестите“ со победата над Ерменија во последното коло од групата Д го обезбедија седмото учество на ЕП по распадот на СФРЈ.

Победници на квалификациите / третопласирани екипи:

Група А: Шпанија (21), Шкотска (17) / Норвешка (11)
Група Б: Франција (22), Холандија (18) / Грција (13)
Група Ц: Англија (20), Италија (14) / Украина (14)
Група Д: Турција (17), Хрватска (16) / Велс (12)
Група Е: Албанија (15), Чешка (15) / Полска (11)
Група Ф: Белгија (20), Австрија (19) / Шведска (10)
Група Х: Данска (22), Словенија (22) / Финска (18)
Група И: Романија (22), Швајцарија (17) / Израел (15)
Група Ј: Португалија (30), Словачка (22) / Луксембург (17)

Последните три репрезентации кои ќе учествуваат на завршниот турнир во Германија ќе бидат познати на 26 март кога ќе се игра плеј-офот од Лигата на нации на патеките. Полуфиналните натпревар во плеј-офот се закажани за 21 март.

Најпрвин на ждрепката на 23 ноември (четврток) ќе се одлучува која репрезентација од групата Финска, Украина и Исланд ќе игра во А сегментот против Велс, а кои две во Б сегментот против Израел, односно Босна и Херцеговина.

Полуфинале од плеј-офот во Лигата на нации:

А

(1) Полска – (4) Естонија
(2) Велс – (3) Финска/Украина/Исланд

Б

(1) Израел – (4) Украина/Исланд
(2) Босна и Херцеговина – (3) Финска/Украина

Ц

(1) Грузија – (4) Луксембург
(2) Грција – (3) Казахстан

ЕВРО 2024 е трето по ред на кое ќе учествуваат 24 селекции кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи. Во осминафиналето ќе се пласираат првите две селекции од секоја група и четирите најдобри третопласирани.

Ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 2 декември во Хамбург.

„Шешири“ пред ждрепката:

Прв: Германија, Португалија, Франција, Шпанија, Белгија, Англија
Втор: Унгарија, Данска, Албанија, Австрија, Турција, Романија
Трет: Шкотска, Словенија, Словачка, Чешка, Холандија, Хрватска
Четврти: Србија, Италија, Швајцарија, победниците во плеј-офот во Лигата на нации

Scroll to Top