Top Sport

(Видео) Гризман: УЕФА бара од нас да играме толку многу натпревари, а нема гол-технологија

Франција, во последното коло, во Б групата, ги загуби првите два бода во квалифиакциите за пласман на ЕП. Французите, во Атина, одиграа 2:2 против Грција. Циклусот го завршија со седум победи и едено реми, на првата позиција во групата со 22 поени, пет повеќе од Холандија. Грците се трети во групата и тие пласманот на ЕУРО 2024 ќе го бараат преку плеј-офот во Лигата на нации.

И покрај тоа што натпреварот ништо не им значеше, Французите се лути на УЕФА поради ситуацијата во 90.минута. Сигурни се дека по ударот на Коман, при резултат 2:2, топката ја мина гол-линијата со целиот свој обем.

Спортната ситуеција може да ја погледнете тука.

„Нема технологија на гол-линијата. УЕФА е богата, но не е во состојба да обезбеди се што е потребно за да знаеме дали тоа е гол или не. Мора да бараме од УЕФА повеќе. Играме многу натпревари, тогаш мораме да бараме повеќе технологија“, рече по натпреварот францускиот репрезентативец Антоан Гризман.

Scroll to Top