Top Sport

Трилер во Битола, Пелистер прими гол во последните секунди и загуби од Пик Сегед

Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја уште еден пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола, во драматичен меч Пик Сегед славеше со 28:27, со голот на Сита на осум секунди до крајот на натпреварот.

Пелистер како и на претходните натпревари, му дозволи на противникот да стекне предност и потоа да ја брка истата, во овој случај во текот на целиот натпревар. Највисоката предност на унгарскиот тим изнесуваше четири гола.

Пелистер константно беше во потера, но кога ќе дојдеше до егал, со избрзани одлуки и технички грешки му овозмозуваше на противникот лесни голови од контра.

Финишот беше изклучително драматичен, Гебдан со три одбрани и Петровиќ со три гола го донесоа Пелистер до нерешен резултат. Сепак на крајот реши голот на Сита.

Битолчани сигурно ќе бидат незадоволни, а имаат и зошто, од арбитражата на француските судии. Во 27.минута не видоа дека по ударот на Борзаш топката заврши зад гол-линијата. Со тој гол Пелистер ќе имаше бод во џебот.

Борзаш со шест и повратникот во Пелистер Кузмановски со пет гола го предводеа домашниот тим. Кај гостите се истакнаа хрватските репрезентативци Шоштариќ со седум и Степанчиќ во шест гола.

Scroll to Top