Кошаркарите на Денвер загубија од Орландо на гости 124:119 и покрај новата одлична партија на Никола Јокиќ. Кошаркарите на Атланта ден по поразот од Индијана на домашен терен 152:157, им приредија нов спектакл на своите навивачи, овојпат го победија Бруклин со 147:145.
Во Орландо, Нагетс го забележаа петтиот пораз од почетокот на сезоната, додека Јокиќ забележа нов трипл-дабл.
Српскиот центар го заврши дуелот со 30 поени (12/18 гол од поле), 13 скока и 12 асистенции за 36 минути поминати на паркетот.
Тоа беше негов шести трипл-дабл сезонава, 111-ти во кариерата, но тоа не беше доволно актуелниот шампион да избегне пораз.
Во тимот на Мајк Мелоун се истакна и Мајкл Портер Јуниор, кој постигна 25 поени, но бранителот на титулата во НБА сепак загуби трет пат во последните четири натпревари.
Орландо до победата го предводеше Франц Вагнер, кој постигна 24 од своите 27 поени во вториот дел.
Дополнително, имаше четири скока и три асистенции, а го следеше Паоло Банкеро со 23 поени.
Атланта во револверашката пресметка славеше победа над Бруклин 147:145.
Трае Јанг, лидерот на Атланта натпреварот го заврши со 43 поени, со рекорд во кариерата – постигна најмногу тројки во една четвртина. Во првиот период постигна шест тројки.
На другата страна блескаше и Микел Бриџис, кој беше најефикасен актер на натпреварот со 45 поени.
Тоа беше и негов рекорд во кариерата.
Резултати:
Шарлот – Вашингтон 117:114
Орландо – Денвер 124:119
Атланта – Бруклин 147:145
Бостон – Милвоки 119:116
Кливленд – Мајами 96:129
Индијана – Торонто 131:132
Хјустон – Мемфис 111:91
Минесота – Филаделфија 112:99
Њу Орлеанс – Сакраменто 117:112
Оклахома – Чикаго 116:102
Сан Антонио – ЛА Клиперс 102:109
Феникс – Голден Стејт 123:115
Портланд – Јута 121:105
ЛА Лејкерс – Далас 101:104