Top Sport

Арсенал заинтересиран за 18. годишен играч на Валенсија

Шпанските медиуми пренесуваат дека Арсенал е заинтересиран за 18-годишниот дефанзивец на Валенсија, Јарек Гасиоровски.

„АС“, тврдит дека луѓето од Арсенал веќе воспоставиле контакти со своите колеги од Валенсија со што го потврдиле интересот за талентираниот дефанзивец.

Истиот извор објави дека во договорот на 18-годишниот фудбалер откупната клаузула изнесува 20 милиони евра.

Оваа сезона младиот фудбалер одигра три натпревари за Валенсија во Примера и еден во Копа дел Реј. Тој летово го привлече вниманието во дресот на младинската репрезентација на Шпанија за време на Европското првенство во Малта.

Јарек Гасиоровски е роден во Шпанија од татко Полјак и мајка Шпанка. Имал понуда од Полска, но тој решил да игра за Шпанија.

Тој има договор со Валенсија до летото 2025 година.

Scroll to Top