Top Sport

Познати се плеј-оф двојките за пласман на ЕП, БиХ против Украина

Европската фудбалска унија (УЕФА), во Нион, ги одреди бараж двојките за пласман на ЕУРО 2024, преку Лигата на нации.

За последните три места ќе се борат 12 репрезентации. Резултатите од квалификациите не се земаат предвид, во плеј-оф одат четирите најдобри непласирани репрезентации од Лига А, Лига Б и Лига Ц.

Така на пример и Естонија заврши во баражот и покрај тоа што во квалификациската група освои само еден бод.

Во А сегментот, во полуфиналето Естонија ќе гостува кај Полска, а Велс ќе ја пречека селекцијата на Финска. Финалето во Лига ќе се игра во Велс или Финска.

Сегментот Б, од Лигата на нации ќе донесе следниве двојки: Босна и Херцеговина-Украина и Израел-Исланд. Домаќин во финалето ќе биде поедникот од пресметката меѓу Босна и Херцеговина и Украина.

Во Ц сегментот, во Лигата на нации, од претходно беа познати полуфиналните двојки: Грузија ќе го пречека Луксембург, а Грција ќе биде домаќин на Казахстан. Финалето од плеј-офот во Лига Ц, ќе се игра во Грузија или Луксембург.

Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 21. март наредната година, а финалните дуели во плеј-офот, кога ќе бидат познати сите учесници на ЕУРО 2024 на приграмата се на 26.март 2024 година.

Scroll to Top