Top Sport

Франција веројатно ќе биде исфрлена од СП за играчи до 17 години

Фудбалската репрезентација на Франција до 17 години би можела да биде исфрлена од Светското првенство во Индонезија поради неверојатен превид на челниците на Француската фудбалска федерација.

Во составот на Франција за ова натпреварување се најде Јанис Исофу, младата ѕвезда во подем кој настапува за Монпелје. Исофу е еден од најталернираните напаѓачи во Европа, но тоа може да и направи проблем на Франција.

Со оглед на неговото потекло од Нигер и Мароко, Исофу играше за Нигер во квалификациите за Африканскиот куп на нации до 17 години. Квалификациите за Африканскиот куп исто така се и квалификации за Светското првенство и се сметаат како дел од квалификацискиот циклус.

Жалбата до ФИФА ја поднесе Фудбалската федерација на Сенегал, а бидејќи ФИФА не дозволува играчите да го менуваат своето фудбалско државјанство во текот на еден квалификациски циклус, како потенцијална казна за овој пропуст се споменува исфрлање на Франција од турнирот.

Scroll to Top