Top Sport

Ван Бисака доби повик од ДР Конго

Манчестер јунајтед во јануари би можел да остане без дефанзивецот Арон Ван-Бисака. Челниците на Фудбалскиот сојуз на ДР Конго го поканија да игра за нивната репрезентација.

Ван-Бисака играше за ДР Конго во младинските категории, но потоа одигра три натпревари за репрезентацијата на Англија до 21 година.

Бидејќи нема дебитирано за сениосрската репрезентација на Англија тој има право да го облече дресот на ДР Конго.

Неколку пати тој ги одбиваше повиците од оваа селекција, но сега веројатно ќе го прифати повикот, од причина што на позицијата десен бек во Англија конкуренцијата е пеколна. Предност пред Ван-Бисака имаат Вокер, Александер-Арнолд, Џејмс и Трипие.

Доколку Ван-Бисака ја прифати поканата на ДР Конго и настапи на африканскиот куп, Манчестер унајтед нема да може да смета на него од 13 јануари до 11 февруари.

Scroll to Top