Top Sport

Де Зерби ги критикуваше судиите, се извлече без казна

Менаџерот на Брајтон, Роберто де Зерби, нема да биде обвинет од ФА, откако по натпреварот со Шефилд јунајтед (1:2), на 12.ноември го критикуваше судењето. коментар на судењето.

„Јас сум искрен и јасен… Не ми се допаѓаат 80 отсто од англиските судии“, изјави Де Зерби.

Како одговор на забелешката на новинарот дека „барем сака 20 отсто од судиите“, тој рече:

„Да, но 80 проценти се 80 проценти“.

Премиерлигата и пред тоа решија само да го предупредат и да го остават без подрастична казна.

Мартин Касиди, извршен директор на хуманитарната судска организација „Поддржете ги судиите“, рече дека не разбира „како Де Зерби се извлече без казна“, додавајќи дека неговата изјава е како „снежна топка што наскоро ќе предизвика лавина од негативни коментари врз судиите“.

„Има ли правила во таа Асоцијација на менаџери за тоа како треба да се однесуваат? Артера, срам да ти е. Де Зерби, срам да ти е. Јирген Клоп. Пеп Гвардиола. Каде е Здружението во ова? Нивните членови прават апсолутен хаос со судиите на сите нивоа, а тие не превземаат ништо. Би додал дека на 80 отсто од судиите не им се допаѓа тоа што го кажа Де Зерби“, рече Касиди.

Scroll to Top