Возачот на Ферари, Карлос Саинц доживеа уште една несреќа, втора за само една недела, откако излета од патеката за време на вториот тренинг на патеката во Абу Даби.
За разлика од Лас Вегас, кога вината не беше негова (шахта го оштети неговиот болид), во Абу Даби, одговорноста е целосно негова.
Саинц по излегувањето од третиот свиок не успеа да го скроти болидот, заврши во чакалот, а потоа удри во заштитната ограда. се лизна на патеката, се вртеше неколку пати, налета на чакалот и се удри во заштитната ограда.
Поради инцидентот што му се случи на Шпанецот беше истакнато црвено знаме, а тренингот продолжи дури по 20 минути.
A scary moment for Carlos Sainz who finds the barriers at Turn 3 👀#AbuDhabiGP #F1 pic.twitter.com/QSH6LwIcZW
— Formula 1 (@F1) November 24, 2023
Најбрз на вториот тренинг беше тимскиот колега на Саинц, Шарл Леклер со резултат 1:24.089 минути.
Ландо Норис од Мекларен беше втор со 0,043 секунди заостанување, а актуелниот шампион Макс Верстапен од Ред Бул трет со 0,173 секунди заостанување.
Возачот на Алфа Ромео, Валтери Ботас беше четврти, петти Серхио Перез од Ред Бул, а шести Џорџ Расел од Мерцедес.
Седми беше возачот на Алфа Ромео, Гванју Жу, осми Луис Хамилтон од Мерцедес, деветтото место го зазеде Пјер Гасли од Алпин, а 10. заврши Оскар Пјастри од Мекларен.
Трката за Големата награда на Абу Даби се вози во недела и ќе стави крај на оваа сезона во „најбрзиот циркус“.
Саинц моментално е четврти во генералниот пласман, го местото со сонародникот Фернандо Алонсо од Астон Мартин, двајцата имаат по 200 поени.