Foto/ EPA
Тениската репрезентација на Австралија се пласираше во финалето на Дејвис купот во Малага, со победата над Финска со 2-0.
Алексеј Попирин го освои првиот поен за Австралија со победата од 2:0 (7:6. 6:2) нас Ото Виртанен 7:6 (5), 6:2.
Во вториот меч Алекс де Минор го совлада најдобриот фински играч Емил Русувори со 6:4, 6:3.
Австралија за трофејот ќе се бори со победникот од дуелот во кој во сабота од 12 часот се среќаваат Србија и Италија.
Репрезентацијата, која моментално ја води Лејтон Хјуит, во историјата играла 48 финалиња во Дејвис купот, има 28 титули, последната освоена во 2003 година.
За Австралија во Малага играат Алекс де Минор (АТП ранкиг 12), Алексеј Попирин (40), Макс Персел (45), Џордан Томпсон (56) и Метју Ебден (4. во двојки).