Top Sport

(Видео) Роналдо урна рекорд стар 70 години

Кристијано Роналдо постигна два гола во победата на Ал Наср од 3:0 над Ал Ахдуд во 14. коло од Саудиската лига. Со овие два гола Португалецот влезе во фудбалската историја.

Роналдо стана играч со најмногу постигнати голови во првите лиги во историјата на фудбалот. Со 527 гола го надмина досегашниот рекордер Јозеф Бицан, австриско-чешкиот напаѓач кој играше од 1930-тите до 1950-тите од минатиот век.

Вториот гол на Роналдо на натпреварот беше ремек дело. Голманот на гостите истрча далеку од својот гол, а Роналдо на околу 30 метри ја прими топката на гради и го лобуваше голманот.

Scroll to Top