Брајтон вторпат во два натпревари успева да се врати од два гола негатива, за да одигра 2:2 на гостувањето кај Саутемптон во последниот меч од петтото коло во Премиер лигата во меч во кој имаше сѐ – два пенали, неверојатен гол од 35 метри и многу акција.
Пјер-Емил Хојбјерг постигна апсолутно неверојатен гол по половина час игра, од 35 метри, а Дени Ингс го удвои водството на домаќините по час игра. Меѓутоа, Брајтон не се откажаа и прво преку Шејн Дафи бргу намалија на 2:1, пред во драматична завршница, Глен Мареј да погоди од белата точка за 2:2 во дербито на јужниот брег на Англија.