Top Sport

И Литванија со драма на СП, Хрватите паднаа во Полска (видео)

Кошаркарската репрезентација на Литванија обезбеди учество на Светското првенство во Кина следната година, откако на драматичен начиј ја победија Холандија по две продолженија со 95:92.

Литванците, кои беа апсолутни фаворити во дуелот, се намачија со мотивираните „лалиња“, за на крајот по две продолженија да стигнат до победата. Мантас Калнеитис постигна кош на 4.2 секунди пред крајот на второто продолжение за да ја круниса својата игра со 21 поен. За Холанѓаните, Клоф беше најефикасен со 19 поени.

Шансите на Хрватска во таа група да обезбеди билет за Кина стануваат многу помали по 79:74 поразот на гостувањето кај Полска во Гдањск, иако со полн состав на НБА кошаркари.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2019

Унгарија – Италија 63:69 (28:39)

Литванија – Холандија 95:93 по продолжение (39:39, 75:75)

Шпанија – Летонија 85:82 (51:37)

Словенија – Турција 77:86 (38:41)

Црна Гора – Украина 90:84 (45:40)

Полска – Хрватска 79:74 (31:37)

Scroll to Top