Top Sport

Унион Берлин го сака Раул за тренер

Легендарниот Шпанец Раул Гонзалес е главен кандидат за клупата на Унион Берлин.

По 11 одиграни кола во Бундеслигата, овој тим е на последното место на табелата со само шест освоени бодови, последен е и во групата од Лигата на шампионите, со еден освоен бод, по четири одиграни натпревари.

Поради очајните резултати на стартот од сезоната, по пет години отказ доби тренерот Урс Фишер. На последните 14 натпревари, Унион Берлин доживеа 13 порази и еднаш одигра нерешено.

Главен кандидат за негов наследник е Раул Гонзалес.

Легендарниот капитен на Реал, во моментов е тренер на Реал Кастиља, односно вториот тим на „кралскиот“ клуб.

Шпанецот е големо име и во Бундеслигата, од Реал, кога беше на залезот на кариерата две сезони го носеше дресот на Шалке.

Scroll to Top