Фудбалерите на Салернитана, во 13.коло ја забележаа првата победа сезонава во Серија А. Во Салерно, домашниот тим со пресврт го победи Лацио (2:1). Поранешниот играч на Лацио Кандрева со спектакуларен гол и ја обезбеди победата.
Лацио поведе во финишот на првото полувреме кога Чиро Имобиле реализираше пенал за 0:1.
Домаќините пресвртот го нправија во вториот дел, најпрвин Кастанос израмни на 1:1 во 55.минута, а потоа Кандрева во 66.минута испрати проектил од 30 местри кој заврши зад грбот на Проведел.
Салернитана успеа да ја задржи предноста до крајот и да ја забележи првата победа од почетокот на сезоната.
Салернитана и понатаму е на дното на табелата, но со ист број бодови како и Верона, додека Лацио е 10-ти со 17 поени.