По мечевите во сингл, во полуфиналето во Дејвис купот, резултатот меѓу Италија и Србија е 1:1. Патникот во финалето ќе го реат дубловите.
Србија го освои првиот поен, откако Миомир Кецмановќ, во вториот и третиот сет го збирша Лоренцо Мусети. Италијанецот го доби првиот сет во тај-брејк, а потоа Србинот возврати со убедливи 6:2, 6:1.
Вториот меч во синг го играа финалистите од неодамнешниот Завршен мастерс во Торино.
По еден сет преспаа Ѓоковиќ и Синер, а третиот донесе неверојатна борба и нестварен кикс на Ѓоковиќ.
Првиот сет со два брејка, убедливо му припадна на Синер со 6:2, а во вториот на идентичен начин одговори Ѓоковиќ.
Во третиот сет Ѓоковиќ константно притискаше, но не успеа да направи брејк. При резултат 5:4 во решавачкиот сет, Ѓоковиќ дојде до три поврзани брејк топки за победа и пласман на Србија во финалето.
Синер од таа ситуација се извлече со добри сервиси, а потоа во наредниот гем го шокирше Ѓоковиќ, дојде до брејк топка, веднаш ја искористи, а потоа беше сигурен во својот сервис гем.
За Србија во дубл ќе играат Ѓоковиќ и Кецмановиќ додека кај Италија на теренот се очекѕваат Синер и Сонего.
Од вчера противникот во финалето го чека Австралија.