Хрватскиот тренер Ненад Бјелица ќе стане нов тренер на Унион Берлин.
Бјелица се раздели со тимот на Трабзонспор и е без работа во изминатиот месец, но веројатно нема да биде уште долго.
Унион Берлин се раздели со Урс Фишер по серијата слаби резултати во Бундеслигата и Лигата на шампионите, тимот кој лани беше меѓу најдобрите четири сега се бори за опстанок.
Бјелица ќе се обиде да го зачува бундеслигашкиот статус за тимот од главниот град на Германија, како и да се пласира во Лига Европа.
Бјелица во својата кариера досега беше тренер на четири клуба во Австрија, по што ги предводеше тимот на Специја и Лех од Познањ.