Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешан ја отфрли можноста во националниот тим да го врати голгетерот на мадридски Реал, Карим Бензема.
Дешан го отстрани Бензема од репрезентацијата по скандалот со соиграчот Метју Валбуена. Бензема за своите пријатели се обиде да изнуди пари од Валбуена уценувајќи го со секс-снимки.
Бензема пред неколку дена изјави дека дека ќе избори место во францускиот тим кој ќе настапи на Мундијалот во Русија, во спротивно како што рече „би бил многу разочаран“.
„Не сум ги читал изјавте на Бензема, бидејќи ретко купувам весници. Секој играч може слободно да каже што мисли. Многумина скаат тој да биде во репрезентацијата. Сепак добро им е познато какво е моето мислење за Бензема и тоа нема да се смени. Тоа не е мој проблем, туку е одлука да се заштити екипата“, рекол Дешан.
Поради аферата со Валбуена, Бензема го пропушти и минатогодишното Европско првенство.
Последен пат во националниот тим Бензема се појавил пред две години кога беше стрелец на два гола во пријателскиот меч во Ерменија (4:0).